Екипата во која настапува македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди – Леванте предмалку одигра мирољубиви 1-1 против екипата на Реал Сосиедад во рамки на 34 коло од Ла Лига.
Барди денеска не беше во составот на Леванте, отслужуваше казна поради парни жолти картони, па екипите ремизираа.
Двата преостанати бод повеќе ќе им недостасуваат на гостите кои се борат за излез во Европа, додека Леванте е сигурен на 12-тата позиција на табелата.
Возбудувањата на мечот беа до 16-та минута.
Најпрво гостите од Сан Себастијан поведоа во 12 минута, стрелец на погодокот за 0-1 беше младиот Исак.
Погодокот за 1-1, кој се испостави дека е доволен за конечен резултат, го постигна Моралес на асистенција на Рочина во 16 минута.