Top Sport

Леванте падна кај Сосиедад, Елче и откина два поени на Севилја

Реал Сосиедад минимално со 1-0 славеше на денешниот натпревар од третото коло во Ла Лига против екипата на Леванте за која до 65-тата минута на теренот беше македонскиот репрезентативец, Енис Барди.

Единствениот погодок за клубот од Сан Себастијан го постигна Беренечеа во 42 минута.

Гостите од Валенсија беа индиспонирани во нападот, не упатија ниту еден удар кон противничкиот гол.

Леванте по три гола има 2 бода и се уште нема остварено победа во новата сезона.

На натпреварот меѓу Елче и Севилја резултатот по 90 минута гласеше 1-1.
Домашните со голот на Роко во 11 минута поведоа со 1-0, а гостите од Андалузија израмнија на 1-1 во 40 минута. Стрелец Ел Насири.

Севилја е лидер на табелата во моментов со 7 поени, и барем до утре ќе биде на врвот на Ла Лига. Единствено Атлетико Мадрид кој има 6 бода по две кола може да ги симне од врвот.

Претходно, Атлетик Билбао со голот на Инаки Вилијамс (34 минута) славеше триумф на гости во Виго кај тимот на Селта со 1-0.

Scroll to Top