Top Sport

Леванте со Барди зема само бод против Атлетико, а водеше 2:0 (видео)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енес Барди минатото коло во Примера со неговиот Леванте го осигура опстанокот во првата шпанска лига, па денеска во воведниот натпревар против вицешампионот Атлетико Мадрид играа растоварено од притисокот.

Играчите на Леванте во првото полувреме тотално го надиграа фаворизираниот противник, а придонес во сите 90 минути имаше и Барди.

Домаќините уште во 6 минута поведоа со 1-0 со голот на Кабако. Во 36 минута за 2-0 погоди Роџер, а во 51 минута гостите од Мадрид останаа без Коера кој заработи црвен картон.

Кога сите на стадионот во Валенсија очекуваа домашна победа за заокружување на сезоната, сепак гостите со 2 гола се вратија во мечот и извлекоа реми. Стрелец на првиот гол за Атлетико беше Родриго во 68 минута, а конечните 2-2 се дело на Камељо во 79 минута.

Scroll to Top