Top Sport

Лотито: Сергеј е најдобриот играч во средниот ред во лигата, нема цена!

Претседателот на римски Лацио, Клаудио Лотито според последните изјави нема намера да го продаде играчот од среден ред на Лацио, Србинот Сергеј Милинковиќ – Савиќ.

Лотито во интервју за „Кориере дела Спорт“ вели дека фудбалерот е многу битен во играта на „небесно сините“ и дека не размислува за негова продажба.

Минатата сезона имаше многу шпекулации за тоа каде Милинковиќ-Савиќ че ја продолжи кариерата, но цената од 120 милиони евра, колку што бараше претседателот на Лацио одби многумина.

„Сергеј е најдобриот играч од средниот ред во лигата, не сакам воопшто да го проценувам колку е вреден затоа што самото тоа би значело дека е на продажба. Тој е значаен дел од плановие кои ги направивме заедно, Таре, Перуци, Инзаги и јас“ – вели Лотито.

Српскиот фудбалер сезонава на 30 меча имаше учинок од 4 гола и исто толку асистенции.

Се појавива шпекулации дека би можело тренерот на Лацио, Сионе Инзаги да застане на кормилото на Јувентус, но Лотито ги демантираше.

„Никогаш не сум верувал дека позицијата тренер ќе биде спорна. Тој претставува историја за Лацио, и како играч и како тренер. Заслужува свое место во нашиот стручен тим. По мене, Инзаги останува. Ако би ме прашал дали ќе му дадам дозвола да оди во Јувентус, тоа како човек би ме повредило“ – вели Лотито.

Scroll to Top