Top Sport

Леванте спаси поен во Виго

Надежите на Леванте по импресивната 0:1 победа кај Атлетико Мадрид, дека ќе може да се дојде до серија и до помрднување од последното место во Ла лига останаа откако се изнапромашуваа, па на крајот се спасија од пораз со 1:1 реми со Селта.

Со македонскиот репрезентативец Енис Барди како стартер, Леванте имаше повеќе од играта и од шансите во првото полувреме, но напаѓачите беа крајно непрецизни, пред во 67. минута од мечот, Аргентинецот Франко Серви да ја казни оваа непрецизност и да го донесе клубот од Галиција во водство. Поенот за Леванте го спаси Роџер во 82. минута по една убава акција за Леванте.

Селта, која е во серија на пет натпревари без пораз, се искачува на деветтото место на табелата со 32 поени, додека Леванте по 9-тото реми пораз оваа сезона останува последнопласиран со 15 поени, 9 под безбедната зона.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top