Баер Леверкузен на својата „Бајарена“ со 2:0 го совладаа тимот на Борусија Менхенгладбах за да се зацврстат на третото место во Бундеслигата во потера за пласман во Лигата на шампионите.
„Фармацевтите“ имаа повеќе шанси на почетокот на натпреварот, пред да дојдат до водство во 39. минута од мечот преку Аларио, пред во финишот на натпреварот токму Аларио да му асистира на Бранд за конечна победа.
Баер сега има 44 поени на третото место, два помалку од Шалке и два повеќе од Борусија Дортмунд и Ајнтрахт Франкфурт кои утре го играат својот дуел. Менхенгладбах, откако пред неколку месеци беше меѓу врвот на табелата, сега се на 9. Место со 35 поени по три порази во последните пет натпревари.