Top Sport

Леверкузен има нова тинејџерска ѕвезда, со голема победа во Лајпциг

Баер Леверкузен уште еднаш покажа дека е вистинска „фабрика“ за таленти, откако Флоријан Вирц стана првиот тинејџер со 11 постигнати гола во Бундеслигата, а „фармацевтите“ стигнаа до импресивна 3:1 победа над РБ Лајпциг за да се искачат на третото место на табелата.

Вирц го постигна првиот гол на мечот во 21. минута, пред во 34. минута Муса Дијаби да донесе 0:2 водство на Леверкузен. Андре Силва во 62. минута од мечот намали на 1:2, но Џереми Фримпонг по само четири минути ја врати предноста од два гола за гостите.

Леверкузен сега се трети со 24 поени, седум зад лидерот Баерн, додека Лајпциг се само осми со 18 поени.

БУНДЕСЛИГА, 13.КОЛО

РБ Лајпциг – Баер Леверкузен 1:3

Ајнтрахт Франкфурт – Унион Берлин 2:1

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top