Top Sport

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Баер Леверкузен стигна до фантастична 2:5 победа на гости кај Борусија Дортмунд за да се зацврсти на третото место на табелата во Бундеслигата, и во исто време да им направи „услуга“ на лидерите Баерн Минхен.

Мечот започна катастрофално за „милионерите“, кои им дадоа вистински подарок на гостите, кога по лоша игра во одбраната Мануел Аканџи си постигна автогол во 11. минута. Баер не останаа „покуси“, откако Жереми Фримпонг по еден слободен удар си ја смести топката во сопствената мрежа за 1:1 во 17. минута.

Само четири минути подоцна, еден од најталентираните млади германски фудбалери, Флоријан Вирц по една брза контра повторно донесе водство за Баер, за веќе во 28. минута Роберт Андрич со фантастичен гол од слободен удар да го зголеми водството на 1:3. Наместо камбек во второто полувреме, Џонатан Тах во 54. минута постигна уште еден убав гол за 1:4, за Муса Дијаби во 87. минута да ја зголеми мизеријата на домаќините. Штефан Тигес во 91. минута го намали водството на „фармацевтите“, но тешко дека тоа ќе биде лек за бесот на домашните навивачи.

Дортмунд остануваат на второто место во Бундеслигата, но на далечни 9 поени зад Баерн Минхен, додека Баер се трети со пет поени заостанување зад „милионерите“.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top