Top Sport

Леверкузен за 36 минути го демонтираше Ајнтрахт! (видео)

Баер Леверкузен со неверојатни 6:1 ги совладаа директните ривали за пласман во Лигата на шампионите, Ајнтрахт Франкфурт за да се израмнат со нив по бројот на поени во Бундеслигата, најавувајќи интересни последни две кола.

Уште поневеројатно, сите седум голови на мечот се дадоа во првите луди 36 минути на „Бајарената“. Кај Хаверц (2. минута) и Јулијан Брант (13. минута) донесоа 2:0 предност за Баер, пред Филип Костиќ во 14. минута да даде надеж на гостите. Од 23. до 36. минута од мечот, „фармацевтите“ дадоа уште четири гола – два Аларио, еден Арангуиз и еден автогол на Хинтерегер.

Франкфурт останува четврти со 54 поени и 59:41 гол-разлика, додека Баер се петти со ист број на поени и 63:50 гол-разлика. Теоретски уште и Борусија Менхенгладбах (52), Волфсбург (52) и Хофенхајм (51) имаат шанси за пласман во ЛШ.

Scroll to Top