Top Sport

Левски го „шутна“ Делио Роси по срамниот пораз

Спас Русев, сопственикот на најголемата бугарска телеком компанија и на Левски Софија, реши да го отпушти италијанскиот тренер Делио Роси, откако тимот доживеа вистинска срамота со елиминацијата од лихтенштајнскиот клуб Вадуц во Лигата на Европа.

Поранешниот тренер на Лече, Аталанта, Лацио, Палермо, Фиорентина и Сампдорија пристигна кај „сините“ во август 2017 година, а сега со него си заминуваат и неговиот прв помошник Феделе Лимоне, тренерот Матија Винченци и тренерот на голманите, Доменико Ботичела. Со него, Левски загуби во финалето на Купот на Бугарија од Славија по пенали, но првпат беше елиминиран во првиот квалификациски круг на ЛЕ.

26-кратните шампиони на Бугарија беа трети минатата сезона со 64 поени, 24 помалку од шампионот Лудогорец, но и 17 поени зад градскиот ривал ЦСКА Софија.

Шок во Софија, Левски елиминиран од Вадуз (Видео)

Scroll to Top