Top Sport

Шок во Софија, Левски елиминиран од Вадуз (Видео)

Првото квалификациско коло, во Лига Европа, го донесе пр вото големо изненадување. Вадуз, од Лихтенштајн успеа да го елиминира славниот бугарски тим Левски.

Играчите на Вадуз, постигнаа повеќе голови на гостински терен и поради тоа ќе играат во втората рунда. Првиот меч заврши со 1:0 за Вадуз, а реваншот во Софија им припадна на фудбалерите на Левски со 3:2.

foto: epa

Резултатот по првото полувреме беше 1:1, потоа Левски водеше 2:1, но Вадуз израмни во 55.минута на 2:2.

Во 76.минута Бус не успеа да реализира пенал за Левски, а Кабрал со евро-гол во 85.минута го постави конечниот резултат 3:2.

Навивачите на Левски, незадоволни од елиминацијата, потоа започнале да ги кршат столчињата и да ги фрлаат на теренот. Се обиделе и да влезат на теренот, а играчите на Вадуз преплашени избегале во соблекувалната.

Scroll to Top