Top Sport

Левски и Стоичков во „војна“ за 100.000 евра?

Раководството на Левски Софија ги отфрли обвинувањата објавени во каталонскиот весник „Спорт“ дека шпанската фудбалска школа на Христо Стоичков побарува 100.000 евра од „сините“ поради трансферот на Божидар Краев во Митјиланд.

„Трансферот на Божидар Краев е во системот на ФИФА и во него јасно се посочува дека нема финансиски побарувања на ПФК Левски кон трети страни“, велат од Левски.

Според вестите на „Спорт“, веќе има претставка пред УЕФА за трансферот на Краев, бидејќи според „правилото за солидарност“, при секој трансфер првиот клуб на фудбалерот има право на процент.

Во школата „Христо Стоичков“ има над 800 фудбалери, со кои Стоичков работи повеќе од 18 години.

Scroll to Top