Top Sport

Левски: Судиите ќе му донесат титула на Лудогорец

Левски Софија побара оставка од сите членови на судската комисија на Бугарскиот фудбалски сојуз (БФС) поради пристрасност, приклучувајќи се на повикот на градскиот ривал ЦСКА Софија кои веќе бараа оставка од шефот на судиите, Петар Петров.

26-кратните бугарски шампиони, Левски пратија отворено писмо до Петров и старо-новиот претседател на БФС, Борислав Михајлов изразувајќи „грозење“ од фактот што трката за титулата се преселила од теренот кај судиите.

Левски се на третото место во бугарската прва лига со 46 поени, 11 поени помалку од лидерите и шампионите, Лудогорец и осум помалку од ЦСКА. Ова не е првпат во Бугарија да се обвинува дека БФС го „турка“ Лудогорец од Разград, клубот кој освои пет титули во последните шест сезони.

Петров во септември доби препорака од полицијата да си го зголеми обезбедување откако криминална банда добила наредба да го претепа.

Scroll to Top