Top Sport

Арсенал знае кој ќе го замени Чех

Арсенал го знае името на голманот кој треба да го наследи Петер Чех на голот на „топџиите“. Според медиумите тоа е Бернд Лено голманот на Баер Леверкузен.

Петр Чех (35) полека се ближи кон залезот на кариерата. Неговата форма оваа сезона не е на потребното ниво, поради што во клубот започнале да ја бараат неговата замена.

Англиските медиуми шекулираат дека избор на клубот е 26-годишниот Бернд Лено, кој сигурно ќе дел од репрезентацијата на германија на СП во Русија.

Лено сезонава има примено 33 гола на 25 одиграни натпревари, а има најмногу додавања од сите голмани во Бундес лигата. Исто така неговата форма е на врвно ниво, а и ретко отсуствува од тимот. Во изминатите три години тој пропуштил само три натпревари, односно од можните 229 настапил на 226 натпревари.

Неговиот договор со Баер истекува во 2020 година, а откупната клаузула изнесува 30 милиони евра, сума која не преставува проблем за клуб од рангот на Арсенал.

Scroll to Top