Долгогодишниот фудбалски судија од Англија, Ли Мејсон, ќе ја заврши кариерата по завршувањето на сезоната. Сепак, Мејсон нема целосно да се повлече од фудбалот, туку ќе стане првиот судија кој целосно ќе и се посвети на ВАР технологијата од сезоната 2021/2022.
Ли Мејсон 15 години е во Премиер лигата, како главен судија водел 287 натпревари во елитната англиска лига, а вкупно учествувал во повеќе од 500 натпревари.
Мејсон е во Премиер лигата од 2000 година, две години бил помошен судија. Кариерата како главен судија кариерата ја започнал во 2006 година.
Последниот меч, Мејсон, ќе го суди вечерва на „Олд Трафорд“, каде Манчестер јунајтед ќе го пречека Фулам.