Top Sport

Ли Роуч – од „Олд Трафорд“ до водоинсталатер!

Британскиот „Планет фудбал“ ни ја носи приказната за тоа како фудбалската слава иако некогаш изгледа на дофат, на крајот е многу тешко да се оствари. Ли Роуч на 18 март 2003 доби шанса да се натпреварува во Лигата на шампионите во дресот на Манчестер јунајтед, откако Сер Алекс Фергусон му даде доверба за мечот со Депортиво Ла Коруња (кој Јунајтед го загубија).

Сега, 18 години подоцна, Роуч работи како водоинсталатер во Болтон, неговиот роден град!

„Не жалам за ништо“, објаснува Роуч.

Тој одигра едно полувреме против Депортиво (тогаш моќен тим), пред да биде заменет од лутиот Фергусон. Во Премиер лигата, тој двапати го облече дресот на „ѓаволите“ – еднаш против Арсенал и еднаш против Њукасл. По ова, тој играше за Барнли, Рексам и Дројслден, пред да се пензионира на 27 години.

„Единствено што можам да кажам е дека бев тивок во Јунајтед, можеби требаше да бидам поостар и да се дружам повеќе со момците. Јас одев директно дома од тренинг за да се дружам со моите пријатели. Сега, сметам дека требаше да бидам повеќе како Џон О’Ши и Дарен Флечер, кои се дружеа многу“, објаснува Роуч.

Сега, не е невообичаено да го сретнат низ Болтон, а дел од луѓето препознаваат дека бил фудбалер.

„Некои од колегите ме прашуваа како завршив со фудбалот и завршив тука. Но, јас не одам наоколу и кажувам дека сум играл за Јунајтед, тоа е сигурно“, вели Роуч.

 

Scroll to Top