Top Sport

Лидерот падна во Тетово

Лидерот Вардар попладнево во тетово го доживеа третиот пораз во тековната сезона. Ренова успеа со два гола од пенал да ги победи црвено-црните со 2:0. Вардар на врвот сега има 43 поени, а доколку Шкендија забележи победа ќе ја намали разликата на пет поени во однос на лидерот.

Вардар одигра лош натпревар во Тетово, играчите на Ренова знаеја да ги казнат сите слабости во играта на црвено-црните.

Миовски два пати беше фаулиран во шеснаесетникот на Вардар, во шестата минута од голманот Гачевски, а во 62 од Новак.

Сигурен реализатор на ударите од белата точка беше Гафури.

foto/fkvardar.mk

Scroll to Top