Top Sport

Роналдињо може да остане шест месеци во притвор

Некогаш најдобриот фудбалер во светот Роналдињо и неговиот брат Роберто Асис ќе останат во притвор, во Парагвај. Роналдињо и неговиот брат во четвртокот беа уапсени во хотелска соба во Асусион. Тие во Парагвај влегле со лажни пасоши.

„Постои опасност од бегство, поради што обвинителството бара да им биде продолжен притворот на Роналдињо и Роберто Асис“, рекла Руиз.

Од друга страна адвокатот на обвинетите Адолфо Марин на наивен начин се обидел да издејствува неговите клиенти да се бранат од слобода.

„Роналдињо е малку откачен, тој не се разбира во овие работи, воопшто не знаел дека пасошите и личните карти се фалсификати“, рекол Марин.

Глупоста на Роналдињо и неговиот брат е што во Парагвај влегле со пасоши на оваа држава. Бразилските пасоши им се одземени во судскиот спор со нелегално изградениот рибник. Казната што ја плати Роналдињо за овој случај изнесува 8,5 милиони долари.

„Тој нема никакви корени во Парагвај, нема место на престој. Не е возможно дека тој не знаел дека пасошот е фалсификат. Тој ги прекрши законите на Парагвај. Не е важно кој е тој, пред законот сите се еднакви. Бараме тој и неговиот брат до почетокот на судењето, а тоа најдоцна може да почне за шест месеци да останат во притвор. Постои реална опасност од бегство“, рекла Руиз.

Scroll to Top