Top Sport

Лидс и Алиоски победија, но нивниот голман не се покажа (видео)

Кемар Руф постигна хет-трик, Езѓан Алиоски имаше една асистенција за Лидс јунајтед да стигнат до 3:1 победа на гостувањето кај Квинс Парк Ренџерс во англискиот Чемпионшип, но потегот на денот го направи голманот на гостите, Феликс Видвалд.

Во последните моменти од натпреварот и со водство од 2:0, дефанзивецот на КПР, Павел Вшолек упати едно безопасно додавање во боксот по изведувањето на корнерот, но Видвалд некако успеа да се збуни и да прими гол. Руф додаде уште еден гол по овој гол за Лидс сигурно да ги освои трите поени за да дојде на 7. место во англиската втора лига.

Scroll to Top