Top Sport

Лидс го отпушти тренерот Кристијансен

Лидс јунајтед, екипа за која настапува македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, му врачи отказ на тренерот Томас Кристијансен.

Лидс во саботата загуби на домашен терен од Кардиф (1:4) и ја продолжи лошата низа ма седум мечеви на кои нема победа. Последен пат Лидс победи на 26.декември минатата година.

Лошите резултати во овој период го оддалечија Лидс од борбата за место во Премиерлигата, а особено разочарувачки беше поразот од членот на Лига 3 Нотс каунти во ФА купот.

Лидс јунајтед во моментов се наоѓа на 10.место на табелата во Чемпоншип со 44 бода, шест помалку од шестопласираниот Бристол кој го држи последното место за пласман во плејофот.

Scroll to Top