Top Sport

Мурињо нашол замена за Де Хеа

Давид Де Хеа изминатите три сезони е најконстантниот играч на Манчестер јунајтед. Тој веќе долго време е желба на мадридски Реал, а според англиските медиуми можно е во летниот преоден рок да се врати во татковината, бидејќи Јунајтед нашол достојна замена.

Доколку Де Хеа го заврши својот престој на „Олд Трафорд“ во клубот се подготвени да го донесат младиот голман на Евертон Џордан Пикфорд, кој сезонава имаше неколку брилијантни партии.

Англичаните шпекулираат дека Јунајтед е подготвен на Евертон да му плати 50 милиони фунти за талентираниот голман.

Scroll to Top