Top Sport

Лидс го прекина „постот“ против Саутемптон

Со три гола и доминација во второто полувреме, Лидс јунајтед стигна до 3:0 победа над Саутемптон, прекинувајќи ја низата од два порази во низа против тим кому не му оди најдобро во последно време.

Патрик Бамфорд ја продолжи одличната форма со гол во 47. минута, пред Стјуарт Далас во 78. минута да зголеми на 2:0. Рафиња ја потврди победата на тимот на Марсело Биелса во 84. минута од мечот. Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, повторно беше стандарден првотимец кај Лидс.

Лидс сега се на 10. место на табелата со 35 поени, додека Саутемптон се 14-ти со 30 поени.

Scroll to Top