Top Sport

Лидс го сакаат Меккени во јануари

Лидс јунајтед планираат да го донесат Американецот Вестон Меккени од Јувентус во јануари во обид да се стави крај на лошата форма на клубот и да се избегне борба за опстанок, тврди „Сан“.

Тимот на Марсело Биелса во моментов е само 16. на табелата по два тешки порази од Манчестер сити и Арсенал, и сметаат дека 23-годишниот Меккени е совршен за играта на аргентинскиот тренер.

Сепак, според италијанските извори, Меккени, кој има договор со Јувентус до 2025 година, е подготвен да се бори за свое место во тимот на Масимилијано Алегри. Меккени исто така би бил совршен како замена за Калвин Филипс, кој е на „метата“ на Ливерпул и Манчестер јунајтед. Меккени има 17 настапи за Јуве оваа сезона.

Scroll to Top