Top Sport

Звезда нема да го пушти капитенот Борјан да замине

Црвена звезда потврди дека нема намера да го пушти својот капитен Милан Борјан да замине од клубот, по контроверзни неколку дена околу канадскиот голман со српско потекло.

Борјан има договор со клубот од „Рајко Митиќ“ до јуни 2023 година, но неговата иднина стана неизвесна по конфликтот со тренерот Дејан Станковиќ, и неговата јавна изјава дека „ја завршил мисијата во Звезда“ и дека бара да ја продолжи кариерата на „помирно“ место.

„Додека се бориме за титула, Борјан нема да добие дозвола да си замине. Нема да дозволиме да се нарушат плановите на клубот“, објавија од Звезда.

Според српските медиуми, Борјан веќе има понуда од клуб од американската МЛС лига.

Хаос на Маракана – Станковиќ на капитенот му рекол дека е ѓубре

Борјан сака да ја напушти Црвена звезда

Scroll to Top