Top Sport

Лидс и Њукасл ќе почекаат за прва победа во новата сезона во Премиерлигата

Њукасл јунајтед и Лидс јунајтед ќе почекаат на првата победа во новата сезона во Премиерлигата, откако во првиот меч од петтото коло, одиграа 1:1 на „Сент Џејмс Парк“.

Рафиња ги донесе гостите во водство во 13. минута по асистенцијата на новиот англиски репрезентативец, Патрик Бамфорд, меѓутоа домаќините останаа непоразени откако Алан Сен-Максиман израмни во финишот на полувремето.

По пет кола, Њукасл има само две ремија, додека Лидс има три нерешени натпревари за да се зголеми притисокот на двајцата тренери, Стив Брус и Марсело Биелса.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top