Top Sport

Лидс јунајтед го потврди трансферот на Фирпо

Лидс јунајтед го потврди трансферот на Жуниор Фирпо. Левиот бек доаѓа на местото на Езџан Алиоски, кој како слободен играч замина од „Елан роуд“.

Фирпо од 2019 година го носеше дресот на Барселона. Ангажиран од Бетис, тој во Барселона не успеа да се наметне на позицијата на која неприкосновен е Жорди Алба. За две сезони настапи на 41 натпревар за Каталонците.

Лидс за Фирпо на Барселона и платија 15 милиони евра. Според договорот, Барселона ќе добие и 20 отсто од наредниот трансфер на Фирпо.

Scroll to Top