Top Sport

Лидс победи во дербито на дното – Норич се уште нема победа во Премиер лигата

Фудбалерите на Лидс забележаа значајна победа во Норич (2:1), со која се одлепија од екипите кои се наоѓаат во опасната зона. Лидс во 10.коло ја забележа втората победа, додека Норич е еден од двата тима без победа во досегашниот дел од сезоната.

Натпреварот во Норич беше решен во само пет минути, кога беа постигнати головите.

Најпрвин Рафиња погоди во 56.минута за водство на Лидс, само две минути подоцна израмни Омобамиделе, а конечниот резултат во 61.минута го постави Родриго.

Лидес се 17.на табелата со 10 бода, Норич се последни со само два бода.

Scroll to Top