Top Sport

Лидс подготвиле отказ за Хави Грасија

Фудбалскиот клуб Лидс, по катастрофалниот пораз од дирекнтниот конкурент во борбата за опстанок, Борнмут, сериозно размислува да го отпушти тренерот Хави Грасија.

Лидс на последните пет натпревари освои само еден бод и се наоѓа во лоша позиција во пресрет на клучните дуели во борбата за опстанок.

Лидс по поразот во Борнмаут се наоѓа на 16. позиција со 30 бодови, колку што има и Нотингем Форест, а многу блиску се и Лестер со 29 и Евертон со 28.

Грасија го презеде Лидс во февруари кога го замени Џеси Марш, но тимот не постигна никаков напредок и не успеа да избега од опасната зона.

Лидс има доста тежок распоред до крајот на сезоната, гостува кај Сити, го пречекува Њукасл, па оди во Лондон кај Вест Хем и во последното коло го пречекува Тотенхем.

Scroll to Top