Top Sport

Лидс се „шпиони“, не се фер-плеј екипа

Менаџерот на Челси, Френк Лампард, бил шокиран од одлуката на ФИФА нагрдата за фер-плеј да им ја додели на Лидс Јунајтед. Лампард тоа не смеело да се случи поради бидејќи минатата сезона тренерот на Лидс, Марсело Бјелса, ги шпионирал тренинзите на Дерби Каунти на чија клупа седеше актуелниот менаџер на Челси.

ФИФА наградата им ја додели поради одлуката на Бјелса да ги пушти фудбалерите на Астон Вила да постигнат гол, откако претходно неговите играчи постигнале гол кога повреден играч на Астон Вила лежел на теренот.

Лампард смета дека тоа не е доволно Бјлеса и Лидс да се рехабилитираат за „шпионскиот скандал“.

„Мислев дека се работи за некаква шега, кога видов кој ја добива нагрдата. Се насмејав. Дали знаеме кој гласал? Навистина е чудно што тие ја добија нагрдата. Верувам дека по шпионажата сите го делат моето мислење“, рекол менаџерот на Челси.

За потсетување, поради шпионирање на противникот Лидс беа казнети со 200.000 фунти.

Scroll to Top