Top Sport

Лидс со Биг Сем ќе се обиде да избори опстанок

Фудбалскиот клуб Лидс реши да го отпушти Хави Грација. Клубот реши опстанок во Премиер лигата да брка со познатиот тренер Сем Алердајс.

Популарниот „Биг Сем“ по којзнае кој пат во кариерата ќе превземе екипа која се бори за опстанок. Низ кариерата многу често излегувал како победник во вакви тешки ситуации.

Лидс е во голем проблем бидејќи има тежок распоред до крајот на сезонаа, гостува во Манчестер Сити, го пречекува Њукасл, па оди во Лондон кај Вест Хем и во последното коло го пречекува Тотенхем.

Она што не влева доверба кај навивачите на Лидс е тоа што во последните четири сезони Алердајс ги загуби сите натпревари против Сити, Вест Хем и Тотенхем, но во три наврати го победи Њукасл, кој рака на срце не беше толку силен како оваа година.

Алердајс ќе биде третиот менаџер на Лидс оваа сезона, по Џеси Марш и Хави Грасија, кои пристигнаа во февруари.

Лидс има 30 бода исто колку и Лестер и Нотингем, а Евертон 29 и овие четири екипи ќе водат жестока борба за опстанок.

Scroll to Top