Џек Херисон го постигна својот прв хет-трик во кариерата за да ги предводи Лидс јунајтед до славна 2:3 победа на гости кај Вест хем во фантастичен натпревар, додека на „Енфилд“, Ливерпул стигнаа до рутинска 3:0 победа над Брентфорд за преземање на второто место на табелата пред Челси.
Херисон го отвори мечот со гол во 10. минута од мечот, но „чеканите“ успеаја да израмнат преку Џеред Боуен во 34. минута од мечот. Само четири минути подоцна, Херисон повторно ги донесе гостите во водство, за Вест хем да израмнат преку Пабло Форналс во 56. минута, но Херисон го комплетираше мечот за сеќавање во 60. минута по одличната асистенција на Рафиња.
За Лидс ова е втора победа по три порази во низа и сега се на 15. место со 22 поени, девет поени над зоната за испаѓање. Вест хем остануваат четврти со 37 поени, два пред Арсенал, но со два меча повеќе.
Ливерпул, пак, стигнаа до рутинска победа над Брентфорд за да ги поминат на второто место Челси и да дојдат на 11 поени до лидерот Манчестер сити со натпревар помалку. Фабињо во 44. минута го скрши отпорот на гостите, пред во второто полувреме Окслејд-Чембрлен (69.) и Минамино (77.) да стават печат на победата.