Top Sport

Лидс утнаа пенал, Арсенал со победа во маратонот на „Еланд роуд“

Победничката серија на Арсенал во Премиерлигата продолжува, откако тимот на Микел Артета стигна до 9. триумф во 10 кола, победувајќи ги Лидс на „Еланд роуд“ со 0:1 во меч кој беше половина час во прекин откако откажа струјата на стадионот.

Поради овој „струен удар“, судиите не можеа да комуницираат со ВАР-собата, предизвикувајќи прекин, по кој „топчиите“ дојдоа во водство во 35. минута кога Мартин Одегард му асистираше на Букајо Сака. Лидс имаа шанса да се вратат во играта кога беше досуден пенал во 64. минута по играњето со рака на Салиба, но Патрик Бамфорд ја упатати топката покрај левата статива.

Со победата, Арсенал имаат 27 поени на врвот на табелата, четири повеќе од Манчестер сити (кои подоцна гостуваат кај Ливерпул) и Тотенхем, додека Челси се четврти со 19 поени.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top