Top Sport

Лига 1 остана без 110.000.000 евра

Француската телевизија „Канал +“ нема да им ја исплати последната рата за телевизиските права на француските клубови. Лига 1 со „Канал +“ има потпишано договор за 740.000.000 евра.

На клубовите нема да им бидат исплатени телевизиските права за април, што значи дека ќе останат без 110.000.000 евра.

Поради пандемијата со вирусот со КОВИД-19 прекинати се сите национални првенства, исклучок е Белорусија. Клубовите во Европа веќе започнуваат да ги чувствуваат финансиските последици од коронавирусот.

„Канал +“ е првата телевизија која донесе официјална одлука да не исплати рата бидејќи нема натпревари.

„Канал + не е банка“, се вели во во дел од соопштението.

Scroll to Top