Top Sport

Лига 1 стартуваше со реми без голови меѓу Бордо и Нант

Француската Лига 1 стана првата топ 5 европска лига која ја стартуваше сезоната 2020/21, откако на „Матму атлантик“, Бордо и Нант одиграа без голови.

Франција за разлика од другите европски големи лиги ја прекрати сезоната 2019/20 предвреме, прогласувајќи го Пари Сен-Жермен за шампион, и додека „светците“ се подготвуваат за неделното финале од ЛШ против Баерн Минхен, почнува шампионатот.

Мечот беше „расипан“ со црвениот картон на фудбалерот на Бордо, Мехди Зеркане по само 20 минути игра, по што двете екипи не успеаја да најдат пат до голот.

Scroll to Top