Top Sport

Лига Европа: Барса против Наполи, Динамо гостува во Севилја

Четврток, во овој период од годината, традиционално е резервиран за натпреварите во нокаут фаза во Лига Европа и од оваа сезона за мечевите во Лигата на конференции.

Четворица репрезенти има Македонија, во Лига Европа: Елиф Елмас (Наполи), Аријан Адеми и Стефан Ристовски (Динамо Загреб) и Бобан Николов (Шериф).

Елмас со Наполи, во дербиот на 1/16-финалето ќе гостуваат на „Ноу Камп“ во Барселона.

„Болно е кога ќе ја слушам химната на Лигата на шампионите, а знам дека ние не учествуваме. Сега треба да се фокусираме на титулата во Лига Европа. Тој пехар го немаме во витрините. Последен пат кога играв во оваа натпреварување испаднавме од Селтик. Се сеќаван на тие дуели во осмина-финалето“, изјави тренерот на Барселона, Чави, потсетувајќи се на натпреварите се Селтик во тогашниот Куп на УЕФА во 2004 година.

Барселона на овој натпревар ќе биде без Роналд Араухо, кој се повреди во неделата против Еспањол. На спротивната страна неизвесен е настапот на напаѓачот, Виктор Осимен.

Динамо Загреб за противник го има најтрофејниот клуб во ова натпреварување, Севилја.

„Екипата е во одлична форма. Добро го анализиравме противникот и со должна почит кон Севилја, во Андалузија одиме да одиграме добра натпревар. Ги знаеме нивните квалитети, но забележавме и неколку недостатоци во нивната игра. Ќе се обидеме тоа да го искористиме“, изјавил тренерот на Динамо, Жељко Копиќ.

Шериф од Молдавија, во чии редови настапува Бобан Николов, беше најголемото изненадување во фазтаа по групи во Лигата на шампионите. Во конкуренција на Реал, Интер и Шахтјор го освои третото место. Во оваа фаза ќе игра против Брага од Португалија.

Лига Европа, двојки:

Борусија Дортмунд-Глазгов ренџерс
Зенит-Бетис
Порто-Лацио
Аталанта-Олимпијакос
Лајпциг-Реал Сосиедад

Scroll to Top