Натпреварот помеѓу Фенербахче и Зенит ја отвори нокаут-фазата во Лига Европа. Минимална победа пред реваншот во Русија забележаа фудбалерите на Фенербахче.
За турскиот тим 72 минути одигра Елиф Елмаз. Македонскиот репрезентативец имаше добра шанса во првото полувреме.
Единествениот гол на натпреварот го постигна Алжирецот Ислам Слимани. Тој најдобро се снајде пред голот на противникот во 21 минута по корнерот што го изведе Валбуена.
Во првиот дел играчите на Зенит имаа одлична шанса за да го израмнат резултатот меѓутоа ударот од белата точка во 44 минута што го упати Роберт Мак го одбрани Харун Текин.
Реваншот во Санкт Петербург ќе се одигра на 21 февруари.