Top Sport

„Обрадовиќ нема да го напушти Фенер, Весели ќе добие тригодишен договор“

Најтрофејниот европски кошаркарски тренер, Жељко Обрадовиќ, по завршувањето на сезоната нема да го напушти клубот, потврдил потпретседателот Семих Озсој. Српскиот тренер има договор со Фенербахче до јуни 2020 година, но медиумите шпекулираат дека тој летово би можел да си побара нов клуб.

„Имаме уште една година од договорот со Обрадовиќ. Информацијата дека ќе замина по завршувањето на сезоната не е точна“, реколн Озсој за „НТВ Спорт“.

Потпретседателот на Фенербахче во разговорот открил и дел од плановите за наредниот период.

„Веќе започнавме да се подготвуваме за наредната сезона. Со Јан Весели ќе потпишеме нов тригодишен договор“.

Фенербахче, сезонава, ја предводат табелата во Евролигата со скор од 15 победи и три пораз, а во турското првенство се лидери до 15 победи и два порази.

Scroll to Top