Top Sport

Лига Европа – стадион со 68.700 места, од УЕФА за финалистите само по 6.000 влезници

Фудбалскиот клуб Арсенал соопшти дека изборот финалето на Лига Европа да се игра во Баку, Азербејџан им предизвикал проблеми на навивачите. Лондонските ривали Арсенал и Челси на 29 мај таму ќе го играат финалето во ЛЕ.

На двата клуба УЕФА им подели само по 6.000 влезници, а стадионот има капацитет од 68.700 места.
„Топчиите“ информираат дека можно е ниту тие 6.000 билети да не се продадат поради тешкотијата Англичаните да стигнат до Баку.

„Апелиравме до УЕФА барањата на навивачите да се клучни во одлуката каде ќе се игра финалниот меч, затоа што ова што се случи сезоава е неприфатливо“ – стои во соопштението од Арсенал.

Од Лондон до Баку има околу 4.000 километри.

Scroll to Top