Во финалето на Лига купот, во кое Манчестер јунајтед и Њукасл ќе се борат за првиот трофеј сезонава, еден дел од трибините на Вембли ќе биде одреден за стоење. За прв пат по речиси 35 години.
Англиската фудбалска лига потврди дека Манчестер јунајтед и Њукасл ќе добијат по 867 билети за специјални нови сектори на трибините.
Секторите за стоење на англиските стадиони беа отстранети по трагедијата во Хилсборо во 1989 година кога 97 навивачи на Ливерпул трагично ги загубија животите.
За да им овозможат на навивачите да ги следат натпреварите и на овој начин, клубовите со години ги реновираат трибините за да го спроведат тоа на најсигурен можен начин.
Стадионите на Тотенхем, Кардиф, Челзи, Манчестер сити и Ливерпул имаат стоечки сектори (иако Енфилд се уште нема добиено дозвола за својот дел од трибините)…
Финалето на Лига купот е закажано за 26. февруари.