Top Sport

Лигата на шампиони се откажа од „традиционалниот“ термин од 20.45!

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги потврди промените во форматот на натпреварувања во Лигата на шампионите и Лигата на Европа од следната сезона, вклучувајќи отстранување на „традиционалното“ време на старт на мечевите од ЛШ во 20.45.

Од смената на Купот на европски шампиони во Лига на шампиони, натпреварите постојано стартуваа во 20.45 часот, но од следната сезона (2018/19), мечевите ќе стартуваат во 18.55 или од 21 часот, слично како што досега функционираше Лигата на Европа. Со ова УЕФА се надева дека ќе добие повеќе пари од ТВ-правата, бидејќи повеќе натпревари ќе можат да добијат директни преноси.

Сите четири тимови од најсилните лиги (Италија, Англија, Германија и Шпанија) влегуваат директно во натпреварите по групи, така што нема да има можности за големи изненадувања, а билет добиваат и актуелните шампиони од ЛШ и од ЛЕ. Два тима од тие четири нации, плус Франција исто така имаат директен пласман во Лигата на Европа.

Scroll to Top