Top Sport

Липи: Проблемите на Интер се „психолошки“

Селекторот на Кина и поранешен тренер на Интер, Марчело Липи вели дека проблемите на „нераѕурите“ се на психолошко ниво, но се надева дека ќе се надмине кризата во тимот.

Интер го совлада Беневенто во текот на викендот, но во последниот месец и пол испаднаа од трката за титулата, а сега им се заканува дури да ги стигне градскиот ривал Милан, со кого се среќаваат во „Дерби дела Мадонина“ овој викенд.

„Обично тој што е помалку фаворизиран тим го добива дербито. Тренерот Лучано Спалети имаше фантастичен старт на сезоната, но тие резултати беа неочекувани, бидејќи никој не сметаше на Интер. Но, оттогаш нешто се заглави, мислам дека се работи за проблем на психолошко ниво. Но, тоа нема да пречи да имаме убаво дерби“, вели Липи.

Scroll to Top