Top Sport

Лил го претстави Самуел Умтити како нова аквизиција

Лил официјално го објави потписот на поранешниот дефанзивец на Барселона, Самуел Умтити.

29-годишниот централен бек потпиша до 2025 година. Умтити доаѓа во тимот како слободен играч откако го раскина договорот со Каталонците.

Минатата сезона дефанзивецот играше како позајмен во Лече, каде што забележа 25 настапи. Тој своевремено дојде во Барселона од редовите на Лион и сега повторно се враќа во француското првенство.

 

Scroll to Top