Top Sport

Лил го „стресе“ Марсеј со два гола од пенал (видео)

Лил со убедливи 3:0 го совлада тимот на Марсеј за тимот на Криштоф Галтие да се искачи на второто место на Лига 1 со 16 поени, осум помалку од уште сега недостижните Пари Сен-Жермен.

Цврстиот натпревар на „Пјер-Моро“ беше неизвесен до 65. минута, кога Никола Пепе постигна гол од пенал за 1:0 водство. Во финишот на натпреварот, Лил успеа да ја потврди победата со двата гола на Жонатан Бамба – првиот од пенал во 83. минута, и вториот во 89. минута.

Во другите денешни мечеви во Лига 1, Монпелје со 3:0 го декласираше Ним, додека Рен и Тулуз одиграа 1:1.

ЛИГА 1, 8.КОЛО

Рен – Тулуз 1:1

Монпелје – Ним 3:0

Лил – Марсеј 3:0

Scroll to Top