Top Sport

Полска не го дава одбојкарскиот трон – лесен триумф над Бразил

Одбојкарската репрезентација на Полска ја одбрани светската титула, откако во едностраното финале со 3:0 (28:26, 25:20, 25:23) ја совлада репрезентацијата на Бразил во реприза од финалето пред четири години.

Олимписките шампиони Бразил, немаа шанси против расположените Полјаци, кои до финалето стигнаа по драматичната победа над САД во полуфиналето. За Полска ова е трета светска круна, откако покрај таа од 2014, тие триумфираа и во 1974 година, додека Бразилците остануваат на три титули (2002, 2006, 2010), а сега имаат и две сребра во низа.

Бартош Курек беше најдобар за Полјаците со дури 24 поени, додека Михал Кубијак додаде 14, додека за „Селесао“, Валас де Соуза имаше 14 поени.

Бронзата на СП кое се одржуваше во Италија и Бугарија го освоија Американците, откако со 3:1 во малото финале беа подобри од Србија.

Scroll to Top