Top Sport

Лил ја одби понудата на ПСЖ за Ренато Санчез

Францускиот првак Пари Сен Жермен сѐ уште е заинтересиран за потписот на играчот од средниот ред на Лил, Ренато Санчез. Парижаните понудија 12 милиони евра за 24-годишниот играч, но раководството на Лил ја одби како премногу мала. Преговорите меѓу двата клуба продолжуваат.

Португалецот на 30 јуни 2023 година може да стане слободен агент, па затоа ПСЖ се обиде да го доведе за „мали пари“.

Ренато Санчез го бара и Милан, кој веќе постигна договор со Лил, но не и со играчот и неговиот агент, кои преферираат трансфер во ПСЖ.

Репрезентативецот на Португалија минатата сезона постигна два гола и забележа пет асистенции на 32 натпревари за својата екипа во сите натпреварувања.

Scroll to Top