Top Sport

Лил-Челси 1:1, Јуве и Вилјареал без „муниција“ по 45 минути

Турскиот ветеран Бурак Јилмаз стана третиот најстар стрелец во нокаут-фазата на Лигата на шампионите, откако беше безмилосен од пенал во 38. минута носејќи 1:0 предност на Лил против Челси во реваншот од осминафиналето. До крајот на полувремето, Челси, сепак, успеа да израмни со голот на Кристијан Пулишиќ во финишот на првите 45 минути.

Со своите 36 години и 244 дена, постари стрелци од него се само Паоло Малдини (36 годии и 333 дена) и Рајан Гигс (37 години и 148 дена). Во првиот меч Челси победи со 2:0.

Во Торино пак, Јувентус и Вилјареал, по 1:1 во првиот меч по првите 45 минути и покрај неколкуте шанси не постигнаа гол, за неизвесноста да продолжи и во второто полувреме.

Scroll to Top