Top Sport

Навивачите на Челси се тепаа со француската полиција и извикуваа по Абрамович

Навивачите на Челси, очигледно разочарани што нема да можат да ги следат домашните мечеви на „сините“ поради санкциите кон газдата Роман Абрамович (на „Стемфорд Бриџ“ ќе можат да влезат само тие со сезонски билети), решија „забавата“ да ја преселат на континентот, односно во Лил, каде што играат со истоимениот клуб во осминафиналето на ЛШ.

Според француските медиуми,  дел од навивачите на Челси извикувајќи го името на Роман Абрамович, влегоа во конфликт со полицијата, која користеше солзавец и палки за да ја расчисти ситуацијата.

Scroll to Top