Славниот англиски фудбалер Гери Линекер изминатите неколку години успешно работи како аналитичар и стручен коментатор за британскиот сервис Би-би-си. Тој исто така е многу активен на „Твитер“ каде неговите духовите коментари ги следат 7,4 милиони луѓе.
Линекер не остана имун на синоќешните случувања во Торино, кога Маурицио Сари од игра во 55 минута го извади Кристијано Роналдо.
Втор пат во само пет дена Сари повлече потег кој не смее да се направи, го извади од игра најдобриот играч во клубот, играч кој е глобална супер-ѕвезда.
Во Москва Роналдо одби да се поздрави со него и му покажа два прста, а синоќа според италијанските медиуми му порачал „да се е.е“ и заминал во соблекувалната.
„Сари втор натпревар по ред го вади од игра Роналдо кој потоа само протрчува покрај него во соблекувалната. Предвидувам дека ова нема добро да заврши. Но морам да кажам дека Сари е луд, има „м….а“, напишал Линекер на „Твитер“.
Sarri substitutes Ronaldo for the 2nd time and he marches past him straight down the tunnel. Won’t end well, I suspect. Got to say, he’s a ballsy bugger is Sarri.
— Gary Lineker (@GaryLineker) November 10, 2019