Top Sport

Линекер: Тотенхем ќе ги загуби Кејн и Али

Поранешниот напаѓач на Тотенхем, Гери Линекер го предупреди тимот од северен Лондон дека мора да го кренат своето ниво за да спречат Хери Кејн и Деле Али да заминат од „Вајт харт лејн“ по интересот на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Спарси во последните години се борат за пласман во Лигата на шампиони редовно, но тимот на Маурисио Почетино оваа сезона немаше најдобар старт. Линекер вели дека Кејн и Али нема да трпат ситуација без трофеи долго време.

„Тотенхем мора да одлучи каде оди. Ако сакаат да останат со играчите како Кејн и Али, тогаш мораат да платат добро и да донесат играчи со кои ќе се борат за титули, бидејќи големите играчи сакаат да освојуваат работи или ќе одат на место каде што тоа е можно. Сигурен сум дека Хери Кејн би го сакал тоа, но мора да се покаже амбицијата за големи работи. Токму затоа ова е клучен момент за тимот“, вели Линекер.

Самиот Линекер знае колку „влечат“ понудите од шпанските гиганти, откако додека беше во најдобра форма замина за Барселона. Тој од „Камп ноу“ се врати во Англија, токму во Тотенхем.

„Кога големите клубови ќе дојдат, тешко е да кажеш не. Сè зависи од твојот карактер и дали сакаш да го видиш животот надвор од својот сегашен клуб“, додава Линекер.

Scroll to Top