Top Sport

Корне пропушти три допинг-теста, ја чека суспензија

Француската тенисерка Ализе Корне вели дека имало недоразбирање откако беше обвинета за допинг-прекршок поради пропуштање на три допинг-теста за што може да добие двегодишна суспензија.

Според правилата на Интернационалната тениска федерација (ИТФ), против светската тенисерка број 42 е почната дисциплинска постапка на 11 јануари, пред стартот на Австралија опен, каде што загуби од Белгијката Елизе Мертенс во третото коло.

„Мојот брат, кој тогаш ми беше агент секогаш беше внимателен за тие работи. Не направивме грешки на последниот тест. Бев дома, но контролорите не дојдоа. Се работеше за недоразбирање. Се надевам дека тоа ќе се земе во предвид. Секогаш сум била за чист спорт, и суспензијата нема да е заслужена“, вели Корне.

Scroll to Top